ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ФИЛМСКА РАБОТИЛНИЦА

Филмска работилница „Преку езерото“ 2026

Фестивал на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Дојран | 08 – 15 јули 2026

Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ објавува отворен повик за учество на Работилницата за развој на сценарио и продукција на дипломски или дебитантски кусометражен игран филм.

ШТО ОПФАЌА РАБОТИЛНИЦАТА?

Во текот на петдневната интензивна програма учесниците ќе работат на:

  • Развој на сценарио и продукција за дипломски студентски филм
  • Развој на сценарио и продукција на дебитантски краткометражен игран филм

Под водство на искусни професионалци од филмската индустрија, учесниците ќе ги унапредуваат своите проекти низ менторски сесии, презентации и практична работа.

НАГРАДА

Избраните проекти ќе добијат:

  • Финансиска поддршка за реализација;
  • Грант во техника и опрема;
  • Продукциска поддршка;
  • Материјални средства за снимање и постпродукција.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

Студентска категорија

  • Студенти на завршна година на филмските академии во Македонија;
  • Македонски државјани кои студираат филм во странство.

Дебитантска категорија

  • Дипломирани режисери, сценаристи и продуценти;
  • Автори кои сè уште немаат реализирано дебитантски краткометражен игран филм.

Препорака

Проектите е пожелно да бидат пријавени од тим составен од режисер, сценарист и продуцент.

ШТО ОБЕЗБЕДУВА ФЕСТИВАЛОТ?
  • Покриени трошоци за престој и учество;
  • Менторства со врвни филмски професионалци;
  • Вмрежување со автори и продуценти;
  • Можност за презентација и продукција на проектот;
  • Професионална филмска техника и опрема;
  • Студио и услови за обработка на слика и звук;
  • Продукциска и професионална поддршка.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
  1. Синопсис (до 1 страница)
  2. Разработено сценарио или treatment (до 5 страници)
  3. Биографии на членовите на тимот
  4. Мотивациско писмо
  5. Контакт податоци
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ 30 ЈУНИ 2026
ИСПРАТЕТЕ ГИ ПРИЈАВИТЕ НА: info@acrossthelakefilmfestival.org
ЛОКАЦИЈА

Дојран – магичното срце на југот, каде што новите филмски гласови го започнуваат својот пат.

Им посакуваме успех на сите студенти, млади автори и дебитанти!

“`

Проектот е поддржан од:

x