НЕОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА

7 АВГУСТ, ЧЕТВРТОК

ДЕЦА НА БРОДОТ

И оваа година, традиционално програмата ќе ја започнеме со селекцијата на филмови за деца и млади. Секоја вечер ќе се одржува и нашата мала, но многу значајна работилница за филмска и медиумска писменост — „Игротилница“.

Како децата и родителите да ги препознаат вистинските уметнички и образовни вредности на филмот?

Како да ги воведеме децата во светот на творештвото и создавањето на возвишени вредности преку филмот и подвижните слики на животот?

Ова се аксиомите на селекцијата „Деца на бродот“. Затоа што Децата утре ќе управуваат со Бродот на животот.

Оваа програма е извонредна можност за деца и родители на исто место. „Деца на бродот“ се случува на големо платно, во прекрасно природно опкружување покрај брегот на езерото. Тоа е летно ноќно детско игралиште каде во брановите се прелеваат слики, зборови, емоции, љубов и филмски мемории.

Програмски слотови

СЛОТ „КИДАНИМА“

  • Анимирани филмови со синхронизација на македонски јазик, посебно селектирани како забавни, дидактични и образовни содржини за деца од 2 до 7 години.

СЛОТ „ТИН – ТИН“

  • Избор на долгометражни играни филмови за млади (10–14 години):
    • Филмови од Балканот и Медитеранот
    • Ретко или никогаш прикажувани на телевизија или во кино низ Македонија
    • Баланс на забава, образование и возвишена уметност

Затоа што тинејџерите знаат што е добро и што е возвишено.

Специјална програма

Во рамките на „Деца на бродот“ ќе прикажеме 3 кусометражни филмови кои на социјални и еколошки теми ги работат повеќе од 60 деца од основните и средните училишта во Гевгелија.

Проектот започна пред 3 години, а минатата година „Преку езерото“ се вклучи со еднодневна работилница: Што е филм? Како се прави филм? Кој е авторот? Како се станува филмаџија?

Панел и Жири

Пред проекциите: Панел за децата и младите во светот на проблемите на возрасните.

По проекциите: Детско/Младинското жири ќе додели награди за најдобрите.

Намерата е младите да развијат критичко мислење и да научат како да ги оценуваат филмските вредности.

– Програма: Кусометражни играни филмови снимани од млади
– „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ВСЕЛЕНАТА“, анимиран филм за деца и млади
Режисер: Гоце Цветановски
После проекцијата ќе има Прашања и Одговори со режисерот.
x